ДЕРБИ: „Комити“ утре ќе одат во Битола

Фото: РК Вардар 1961

Големото дерби од македонската Суперлига во кое Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар 1961 во Битола е на распоредот утре, со почеток од 18:00 часот. 
Гостинскиот состав е во подобра позиција на табелата и воопшто во трката за шампионскиот пехар, но шансите не се загубени ниту за бранителот на пехарот, а многу работи ќе зависат од исходот на утрешниот натпревар. 

Билетите за ова дерби беа распродадени за многу кратко време, салата ќе биде полна со фанови на домашниот тим, но ќе има и навивачи на Вардар. 
Обезбеден е сектор на трибините каде што ќе бидат сместени „Комити“, навивачката група на РК Вардар 1961 што сигурно ќе ја зголеми температурата во „Боро Чурлевски“ и ќе биде тест за организаторските способности на РК Еурофарм Пелистер. 

Вардар го најави доаѓањето на своите навивачи во Битола на социјалните мрежи:
 

Македонското ракометно дерби во среда ќе биде збогатено со присуство на нашите навивачи за кои ќе биде обезбеден сектор во салата ,,Боро Чурлевски" во Битола.
Вашата поддршка ќе значи многу за тимот кој со голема желба го исчекува почетокот на натпреварот, кој е закажан за во 18:00ч,
кога на теренот ќе истрчаат ракометарите на Вардар, подготвени да го дадат својот максимум за нова победа!
Ве покануваме да уживаме во ракометната игра и во фер и коректна атмосфера да ги бодриме црвено-црните, објави Вардар 1961 на својот профил. 

Поврзани вести