ТВ ПРЕНОС: Германија - Бразил, Норвешка - Црна Гора

Photo: IHF

Светското првенство 2025 влегува во завршната фаза во која ќе ги видиме најдобрите осум репрезентации во директни дуели во битката за подиумот и крајно златниот медал. Организаторите Холандија и Германија обезбедија пласман, тука се Бразил, Унгарија, Данска, Франција, Црна Гора и топ фаворитот за првото место - Норвешка. 
Норвежанките се со значително изменет состав во однос на ланското ЕП, но и натаму главниот збор го имаат Нора Морк, Вероника Кристијансен, Катрине Лунде и вонсериската Хени Рајстад. 
Црна Гора по величенствената победа над Србија ќе биде првата што ќе ги предизвика на сѐ или ништо. Вечерва со почеток од 20:30 е тој натпревар. 
Претходно, Германија ќе се сретне со Бразил. Латиноамериканките покажаа сила на мечот со Шведска, но беа декласирани од Норвешка, па затоа улогата на фаворит е за домашната Германија. 

ТВ пренос ќе има од денешните 1/4 финални натпревари, а утре ќе се сретнат Данска - Франција и Холандија - Унгарија. 


ТВ ПРЕНОС ДЕНЕСКА:
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
1/4 ФИНАЛЕ
17:15  ГЕРМАНИЈА - БРАЗИЛ (ТВ АРЕНА СПОРТ 1)
20:30  НОРВЕШКА - ЦРНА ГОРА (ТВ АРЕНА СПОРТ 1)

Поврзани вести