Словенец е кандидат за клупата на Е. Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер непланирано менуваше два тренера оваа полусезона. Откако си замина Раул Алонсо, клубот остана и без Рубен Гарабаја среде сезона и тоа пред две големи дерби средби – утре со Вардар 1961 во Битола и веднаш следното коло со ГРК Охрид како гостин.

Звонко Шундовски веќе ја замени директорската позиција со тренерската, но тој е преодно решение, додека клубот не најде адекватна замена за Рубен Гарабаја.

Битолчани се во потрага по тренер, а првото име што се појави во јавноста е поранешен селектор на Словенија, тренер со кого Словенците играа полуфинале на СП 2013.
Борис Денич, актуелниот советник за развој во словенечкиот шампион Слован е наводно една од опциите за преземање на тренерската позиција во Еурофарм Пелистер.

Поврзани вести