Двајца српски репрезентативци од лето во Вардар?

Foto: Arkus Liga RS

Екипата на Вардар 1961 се прегрупира за следната сезона од северното соседство поточано од редакцијата на „Моцарт Спорт“ доаѓаат информации за „веќе договорени“ трансфери на двајца српски репрезентативци. 

Првиот нов играч ќе дојде на позицијата на десно крило од редовите на најуспешниот српски клуб во последните 20 години - екипата на Војводина. 
Вукашин Воркапиќ (29) е стандарден во црвено-белиот состав, а во репрезентацијата под водство на Тони Џерона беше тандем со ракометарот на Е. Пелистер, Богдан Радивојевиќ.

Вториот нов ракометар во редовите на Вардар би требало да биде голманот Милан Бомаштар. Тој доаѓа од редовите на францускиот тим Шарт. Неговиот домашен подем беше во Металопластика, а интернационалец стана во 2021 кога премина во Адемар Леон. Таму мина една сезона, потоа една сезона мина во шведскиот тим Ховде, а потоа стигна во Шарт со кого има активен договор до јуни 2027. Потоа, ако се покажат точни овие информации, ќе го видиме во Скопје. 
Во репрезентацијата е трет голман, зад Дејан Милосављев и Владимир Цупара. 

Вардар во моментов на голманската позиција ги има Милош Валах, Мигел Еспиња и Васил Гогов. Беше поврзуван со трансфери на Словенците Урх Кастелиц и Клемен Ферлин. 

Поврзани вести