ГРК ОХРИД: Јотиќ опериран, раскинато со Вејин

Фото: ГРК Охрид

Ракометарот на ГРК Охрид, хрватскиот бек Ловро Јотиќ е успешно опериран и веќе е во процес на рехабилитација. Јотиќ се повреди на натпреварот од петтото коло со екипата на ГРК Тиквеш, настрада предниот вкрстен лигамент и подолго време нема да го видиме на терен. 

Охриѓани информираа и за уште една играчка промена сезонава. Српскиот интернационалец Предраг Вејин, ракометарот кој од редовите на Олимпијакос пристигна во Охрид, со себе донесе и повреда до која не успеа комплетно да се рехабилитира и со него е спогодбено раскинат договорот. 

Поврзани вести