СП 2025: Германија го сруши светскиот првак

Photo: IHF

ГЕРМАНИЈА - ФРАНЦИЈА  29-23 (15-12)
Букати 5, Гранву 5 - Дол 9, Лојчер 5


Ракометот ќе добие нов светски шампион во женска конкуренција. Актуелниот бранител на пехарот, репрезентацијата на Франција е поразена во полуфиналето на мундијалот од селекцијата на Германија и во недела ќе се бори за бронзениот медал. 
Германија продолжува во финалето и таму ќе се сретне со подобриот од вечерашниот дуел меѓу репрезентациите на Норвешка и Холандија. 

Вечерва во Ротердам, на првиот мундијалски меч што Германија го играше надвор од својата земја, избраничките на селекторот Гагугиш одиграа врвна одбрана со која комплетно го неутрализираа францускиот напад, а истовремено ги покрија и сопствените слабости во офанзивната игра. 
а
Го контролираа целиот натпревар Германките, претежно водеа 2-3 гола, но во 48 минута по неколку пропуштени напади прв пат поведа со пет гола разлика (23-18), а потоа успешно се бранеа од Французинките кои не може да влезат во серија, туку на индивидуален квалитет одржуваа резултатска шанса, иако никогаш не дојдоа до вистинска можност да направат пресврт. 

Поврзани вести