Photo credit: Cyrille Largillier /
Wikimedia Commons
Бразилскиот ракометар Гиљерме Фернандеш - Самба, доскоро ракометар на МРК Куманово направи трансфер на Косово во екипата на Раховец. Косовскиот клуб го промовирираше на своите социјални профили доаѓањето на бразилскиот ракометар кој откако ги мина медицинските прегледи се очекува и да дебитира за тимот што минатата сезона го предводеше македнскиот тренер Горан Андоновски.
Данската федерација избегна судење со клубовите ГОГ и Икаст и како што јавуваат данските медиуми, по неколкумесечни преговори и судиски закани, се договорила со двата клуда да им исплати сума меѓу 200 и 250.000 евра за завршување на спорот.
Поради грешка/незнаење на службите на данската федерација, пред една сезона, место ГОГ и Икаст во Лигата на шампионите играа екипите на Фредериција и Одензе. Сите станаа свесни за грешката следната сезона кога одново се делеа местата за Европа, а двата тима решија по судски пат да бараат правда.
Жереми Тото, францускиот пивот кој една сезона во својата интернационална кариера ја мина и во дресот на Вардар ја продолжи верноста кон унгарскиот тим ПИК Сегед и ќе остане во сино-бело најмалку до јуни 2028 година.