Колстад е пред исфрлање од Лигата

Норвешкиот шампион Колстад уште од моментот кога се издвои од другите тимови со купување на скапи ѕвезди, влезе во финансиски проблеми што го прогонуваат и ден-денеска.

Најновото кратење на платите можеби и нема да биде нивниот најголем проблем, имаат и поголема мака од таа.

Норвешките медиуми пишуваат дека Клостад најверојатно годината ќе ја заврши со буџетски дефицит. Во Македонија на пример тоа не би било проблем, но во Норвешка важат други финансиски правила на игра и ако Колстад на крајот на годината прикаже минус во работата, следната сезона (можеби) нема да може да игра во најсилната норвешка лига.

Во најдобар случај би поминал со кратење на бодови, па целата активност на клубот деновиве се собирање на средства за покривање на дефицитот.

Поврзани вести