Медалите на СП се направени од дресови

Photo: IHF

Денеска ќе бидат доделени медалите на Светското првенство што минативе две недели се одржуваше во Германија и Холандија.
Норвешка и Германија ќе ги поделат златните и сребрените, а Франција и Холандија ќе се борат за бронзениот.
Зад медалите, пак, стои интересна приказна поврзана со нивната изработка.
Имено, јадрото на медалот кој има форма на дланка се направено од дресови. Над 100 холандски клубови учествуваа во проектот на изработка со тоа што испратија свои натпреварувачки дресови што потоа беа преработени, компресирани и од нив е изработеното јадрото на медалите.

Поврзани вести