Photo: IHF
ФРАНЦИЈА – ХОЛАНДИЈА 33-31 (26-26, 12-11)
Сако (12 одб), Букти 9 – Тен Холте (11 одб), Малестајн 6, Ван Ветеринг 6
Репрезентацијата на Франција е освојувач на бронзениот медал на 27 Светско првенство во женска конкуренција. Французинките се симнаа две места на подиумот, но со медал на градите го завршија мундијалот откако во врвна ракометна претстава ја совладаа домашната Холандија 33-31 по продолженија 2х5 минути.
Две технички грешки на Холандија во продолженијата беа клучни за конечниот епилог, додека француската екипа речиси соврешено ги одигра дополнителните 10 минути и во два наврати имаше и плус три гола предност, нешто што не им успеа во регуларните 60 минути.
Холандија имаше своја шанса, имаше и водство од 25-24 во 58 минута со гол што го постигна крилото Ангела Малестајн, но истата ракометарка во следниот напад направи пенал и можеби престрого беше исклучена што беше вовед во пресврт и конечно 26-26 на истекот на 60 минута.