Сорабтката меѓу Ракометната федерација на Македонија и една од најголемите македонски компании, Пивара Скопје продолжува и во пресрет на Европското првенство што во јануари ќе се игра во Данска, денеска официјално беше потпишан договорот за соработка меѓу Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија.
Со тоа се потврди и продолжи едно од најдолгите и најзначајни партнерства во македонскиот спорт.
Денешниот настан беше посветен и на одбележувањето на 45 години континуирана поддршка на Пивара Скопје кон македонскиот ракомет – поддршка која со децении стои зад успесите, развојот и вредностите на нашиот спорт.
Ракометната федерација на Македонија изразува искрена благодарност за долгогодишната доверба и заедничката визија за иднината на македонскиот ракомет.
Соработката ја поздравија претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, генералниот директор на Пивара Скопје Огњен Лазиќ и координаторот на машките репрезентацииФилип Миркуловски. Присуствуваа и дел од репрезентативците кои што во јануари следната година одново ќе ја претставуваат Македонија на едно Светско ракометно првенство.