Тузолана останува во Вардар

Фото: РК Вардар 1961

По објавата за потпис на договорот со бразилскиот бек, денеска Вардар имаше уште една убава вест за своите навивачи

РК Вардар ја продолжи соработката со Жуниор Тузолана, кој останува во црвено-црниот дрес до крајот на натпреварувачката сезона 2026/2027. Тузолана пристигна во клубот во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на договорот.
Тузолана веднаш се вклопи во системот и покажа дека е подготвен да одговори на темпото и барањата на клубот. Неговото искуство од француската лига, брзината во транзиција и сигурната реализација донесоа важна димензија во нападот, а истовремено создадоа дополнителна конкурентност во ростерот“, објави Вардар во објавата на социјалните медиуми. 

Поврзани вести