Три месеци суспензија за Дејан Манасков

Photo: Mkdhandball/Radovan Vujovic

Неславно трето полувреме се „играше“ под трибините на „Билјанини извори“ во Охрид по дерби мечот меѓу екипите на ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер што заврши со убедлива победа на домашниот состав. 
Искри имаше и за време на натпреварот, а по мечот неубави сцени, недолични за искусни професионалци во својата работа. 
Ракометната федерација на Македонија ги изрече казните како епилог на дербито, а повиканите страни имаат право на жалба. 

Дејан Манасков еден од главните протагонисти на немилите сцени по натпреварот е суспендиран во наредните три месеци. 

Крсте Андоновски, службено лице на ГРК Охрид е суспендиран на три првенствени или Куп натпревари. 

Двата клуба, ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер се парично казнети со по 45.000 денари.

Поврзани вести