Шпанија без браќата Цикуша, Гонзало Варгас, Урдангарин...

Photo: IHF/Kolektiff

Шпанија успеа да изведе промена на генерација во својата репрезентација и наспроти анализите дека нема да имаат тим за врвни дострели барем извесен период, сега се на прагот да докажат дека не е така.
Жорди Рибера, еден од најдобрите светски тренери состави репрезентација во која ниту статусот „иднина на Барса“ , ниту кралска крв во вените ниту играње за Кил или Веспрем не е гаранција дека ќе биде достапен дресот на „хиспанос“.
Рибера објави список за претстојниот контролен турнир пред ЕП на кого ги нема браќата Петар и Ѓорѓе Цикуша, а го нема ниту „малиот принц“ Пабло Урдангарин, а ги нема ниту Гонзало Перез де Варгас или пак Родриго Коралес.
За дуелите со Словачка, Тунис и потенцијално Египет или Португалија, селекторот на Шпанија ги повика следниве ракометари:

Голмани: Игнасио Биоска (Нант), Сергеј Хернандез (Магдебург)
Плејмејкери: Јан Тарафета (Нант), Натан Суарез (Спортинг)
Десни бекови: Алекс Душебаев (Келце), Имањол Гарсиандија (Сегед), Маркос Фис (Гранољерс)
Леви бекови: Даниел Душебаев (Келце), Агустин Касадо (Монпеље), Јан Гури (Спортинг), Антонио Серадиља (Штутгарт)
Десни крила: Каулди Одриозола (Нант), Алеиш Гомез (Барса)
Леви крила: Јан Баруфет (Барса), Дани Фернандез (Барса)
Пикери: Абел Сердио (Висла), Хавиер Морено (Бенфика), Виктор Ромеро (Спортинг)

Поврзани вести