Келце го промовираше Дејан Милосављев

Photo: Industria Kielce

Седма сезона минува откако српскиот голман Дејан Милосављев го напушти скопски Вардар и како актуелен освојувач на Лигата на шампионите се пресели во бундеслигашкиот тим Берлин. Седмата ќе биде последна во дресот на лисиците со кои ја освои Бундеслигата минатата сезона и ЕХФ Европската лига во сезоната 2022/23. Следната сезона, се сели во Полска во екипата на Келце и таму ќе остане најмалку до јуни 2030 година.

Трансферот одамна беше најавен, но дури денеска и официјално беше промовиран во Келце како нивно капитално засилување за следните четири сезони.

 

Поврзани вести