Конгрес на ИХФ: Хасан Мустафа по седми мандат!

Photo: ИХФ

Конгресот на Светската ракометна федерација на која ќе биде доделен четиригодишен мандат на еден од четирите кандидати за претседател ќе се одржи утре во Каиро. 
Хасан Мустафа и на 81 годишна возраст е првиот фаворит за нов мандат. Хасан Мустафа стана претседател на ИХФ во 2000 одина на Конгрес во Португалија. За време на своите шест мандати го рашири ракометот низ целиот свет, а притоа формираше глобално гласачко тело составено од повеќе мали или малку активни федерации со кои доминантно победува на сите избори.
Истото очекуваме да се случи и утре во Каиро. Дека некој ќе го победи на домашен терен не можеме лесно да го процесираме. Иако, никогаш не се знае. 
Прв пат по 2009 Хасан Мустафа ќе има и конкуренција. И тоа ќе има тројца против кандидати. Германецот Герд Буцек, Словенецот Фрањо Бобинац и Холанѓанецот Тјарк де Ланге. 
Сега гласни стануваат и одредени европски федерации како Норвешка на пример која јавно истакна дека нема да го поддржи Хасан Мустафа и дека е време за промени, нагласувајќи дека прв пат по многу години имал реална конкуренција. 
Сѐ во претходната реченица е погрешно. Јавно да се кажува ставот пред тајно гласање е морално и етички погрешно и има скриена цел. Дали е време за промени или не, на крајот на денот и не е нивно да кажуваат, а колку  овие три ривали се реална конкуренција ќе видиме утре. 

Сето ова што сега се подготвува има малку подалечна статешка важност. Хасан Мустафа ќе го добие својот последен манадат. Дали ќе го одработи до крај или како што подметнуваат шпекулации до пола и не е толку важно. Важно е -  што потоа. Тоа е битката за која позициите ги зафаќаат Буцек, Бобинац, Ланге, а веруваме дека кога ќе реши Хасан Мустафа да се повлече - ќе има поголема конкуренција. 
Како се поставени работите во светскиот ракомет, очекуваме наследник на Хасан Мустафа да биде личноста која утре ќе добие функција прв потпретседател. 
Наспроти некогашните очекувања тоа да биде некој од Блискиот исток кој ќе ја продолжи политиката на Мустафа, сега се очекува тоа да биде европјанин. Французин или Шпанец најверојатно. Тоа, пак за иднината на светскиот ракомет значи дека раководството, менаџирањето и финансиското работење по ерата на Хасан Мустафа ќе го водат европјани. А имајќи предвид како ЕХФ го менаџира европскиот ракомет, кон иднината не гледаме низ розови очила. 

Поврзани вести