РФМ стана полноправен член на Медитеранската конфедерација

Фото: РФМ

На денешниот Конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Ракометната федерација на Македонија стана полноправна членка.
Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Светската ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.
Ракометната федерација на Македонија досега имаше статус на придружна членка во Медитеранската ракометна алијанса.
Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат пионерките, а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка. Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри што во август ќе се одржат во италијанскиот град Тарантo.

Поврзани вести