Хасан Мустафа доби нов мандат во ИХФ

Фото: РФМ

Светската ракометна федерација и во следните четири години ќе биде под водство на др. Хасан Мустафа. Тој е на чело на ИХФ од 2000 година и ќе остане најмалку до 2029. Денека на Конгресот на ИХФ, Хасан Мустафа ја збриша конкуренцијата и освои 129 гласа од делегатите, наспротив 25 колку што освои Словенецот Фрањо Бовинац, 20 колку што освои Герд Буцек или само 3 гласа на холандскиот претставник Тјарк де Ланге.

Со други зборови, Хасан Мустафа имаше пет пати повеќе гласови од сите тројца ривали заедно.
Светскиот ракомет ќе продолжи во сигурни води, барем во финансискиот дел, област во која Хасан Мустафа и неговиот тим се покажаа како исклучително успешни и ја држат сметката на ИХФ со доволно нули за мирно ракометно море.

Прв потпретседател на ИХФ е Французинот Филип Бана и тој веројатно ќе биде следниот претседател на ИХФ, што во најава значи дека најмногу по четири години, Светскиот ракомет по 30 години ќе го водат Европјани.

Поврзани вести