ЕП 2026: Португалија без еден од битните голмани против Македонија

Photo: IHF

Портуалскиот голман Диого Рема од Порто нема да настапи на претстојното ЕП на кое Португалија ќе игра и против Македонија, во второто коло од Групната фаза.
Диого Рема се повреди на натпреварот со Спортинг, настрадаа лигаментите во коленото, веднаш е извршена операција и за него целата сезона најверојатно е веќе завршена.
Португалскиот селектор Пауло Переира на располагање на голманската линија во поширокиот состав ги има Густаво Капдевил од Бенфика, Диого Пирес од Олимпијакос, Педро Гаља од Сиудад Енкантада и Мигуел Еспиња од Вардар 1961, но и тој е повреден и вон строј.

Поврзани вести