Фуксе Берлин го бара Хориха од Вардар?

Фото: РФМ

Украинскиот ракометар Димитро Хориха, од неодамна сопственик и на македонски пасош е таргет на Фуксе Берлин објавија денеска германски медиуми. 
Германците бараат привремено решение додека во нивните редови во 2027 не пристигне данскиот бек Симон Питлик. Димитро Хориха според најавите е во преговори со Берлин, но засега нема конкретен договор.

Вардар 1961 се обидува да го задржи украинскиот бек, но таа мисија станува се потешка затоа што неофицијално и Веспрем е заинтересиран, а и ГРК Охрид се споменува(ше) во дел од шпекулациите. 


 

Поврзани вести