Лазаревски останува во Вардар, Ќосевски, пак, се пресели во ГРК Охрид

Фото: РК Вардар 1961

Екипата на РК Вардар 1961 и во следните две сезони ќе може да смета на услугите на македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски. 
Борбениот пивот потпиша нов договор со црвено-црните и останува во Вардар најмалку до јуни 2028 година. Лазаревски е ракометар кој од редовите на Металург замина во екипата на Тримо Требње од Словенија, а експанзија доживеа по враќањето во Македонија, во редовите на Вардар 1961, особено додека во екипата разигрувач беше јапонскиот бек Косуке Јасухира. 
Лазаревски се докажа и како репрезентативец и на клупски план во Вардар, иако тековната сезона е малерозна и поголемиот дел го мина во рехабилитација. Очекувањата се во пролетниот дел да биде фит за настап. 

Истовремено, Вардар го потврди заминувањето на крилниот играч Ален Ќосевски кој, пак, се сели покрај езерото и во продолжението на сезоната ќе игра за екипата на ГРК Охрид. 

Поврзани вести