Карасманакис ќе го пропушти ЕП 2026

Photo: RFM

Долгиот список на ракометари што ќе го пропуштат Европското првенство во јануари 2026 е „збогатено“ со уште едно име, овој пат од редовите на репрезентацијата на Македонија.
Пикерот на Алкалоид, Валентин Карасманакис се повреди на тренингот на националниот тим. Тој има фрактура на прстот и најмалку во следните четири недели ќе биде надвор од теренот.
Ова е голем пех за младиот ракометар кој вредно работи на својот напредок и видливо напредува(ше) во секој сегмент на играта минативе сезони.
Селекторот Кирил Лазаров од списокот на резервни ракометари го активираше Никола Маркоски и тој ќе патува со репрезентацијата во Пореч каде што во сабота Македонија и Хрватска ќе одиграат контролен натпревар.

Во меѓувреме репрезентацијата се подготвува во Скопје во комплетен состав минус Мартин Томовски кој ќе му се приклучи на тимот на прозивката на втори јануари.
Репрезентацијата утре патува за Хрватска, а по праниците ќе замине во швајцарскиот град Винтертур каде што ќе учествува на турнир и директно од Швајцарија ќе замине за Хернинг каде што на 16 јануари ќе го одигра првиот меч од Европското првенство против репрезентацијата на Данска.
 

52nd Yellow Cup – Schedule 2026
WIN 4 Arena, Winterthur

Thursday, 8 January
• 18:00: Switzerland – Ukraine
• 20:30: Macedonia – Bahrain

Friday, 9 January
• 17:45: Ukraine – Macedonia
• 20:15: Switzerland – Bahrain

Saturday, 10 January
• 15:30: Bahrain – Ukraine
• 18:00: Switzerland – Macedonia

Поврзани вести