Раде Стојановиќ е промовиран во нов клуб во Словенија

Photo: RZS/Jurij Vodusek

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ е промовиран за нов прв тренер на словенечката екипа Ајдовшчина, со што го продолжи својот престој во Словенија каде што беше неговиот последен клупски ангажман, на клупата на Тримо Требње.
Ајдовшчина е посебен и поинаков предизвик за Стојановиќ. Тоа е клуб што се натпреварува во Првата лига и се бори за влез во најсилната конкуренција. Во моментов се на второто место зад екипата на Копер, а за таквиот изглед на табелата виновни се трите порази на последните пет натпревари, што веруваме и беше причината да се побара поквалитетно тренерско решение за продолжението на сезоната.
Договорот на Раде Стојановиќ со оваа екипа е на една и пол сезона, односно до јуни 2027.

 

Поврзани вести