Хасан Мустафа го одработува последниот мандат

Photo: IHF

Неодамна избраниот претседател на ИХФ, Хасан Мустафа (81) го одработува својот последен мандат како претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Хасан Мустафа има 81 година, но тоа не го спречи да се кандидира и да победи со пет пати повеќе гласови отколку другите три кандидати заедно. Но, ако по четири години односово се почувствува доволно млад и силен за да продолжи, тоа нема да му биде дозволено.
На Конгресот во Каиро, по предлог на ракометната федерација на Грција, беше изгласана старосна граница од максимални 75 години на денот на изборот преку која нема да биде легитимна кандидатурата.
Предлогот на Грција го поддржаа 70 % од делегатите.

Поврзани вести