Првиот тест за Македонија е во Пореч, против Хрватска

Македонската репрезентација денеска замина за Загреб откаде ќе продолжи во Пореч каде што во недела (28.12.2025) со почеток од 20:30 часот и директен ТВ пренос на РТЛ ќе одигра контролен меч со репрезентацијата на Хрватска. Натпреварот ќе има славеничка нота, ХРС ќе ги наградува најдобрите за годината што изминува и целиот нивни ракометен крем ќе биде утре во Пореч.
Тоа ќе биде мотив плус за игра за актуелниот светски вицепрвак кој, пак, нема да биде комплетен на овој натпревар. Недостасуваат главните ракометари што играат во Германија и Унгарија, но Дагур Сигурдсон ќе има на располагање ракометари кои се борат за место во тимот и сигурно во обидот да го освојат селекторот и да ја импреснионираат јавноста ќе пружат максимум на теренот.

Составот на Хрватите за подготовките во Пореч е во добар дел од ракометари од домашното првенство, засилени со Анте Иванковиќ од ГРК Охрид, Дино Славиќ од Лимож и Јосип Шимиќ од Вецлар. Во составот ќе биде и играч за кого наводно е заинтересиран Вардар 1961, но и Загреб, па и ПСЖ. Тоа е Леон Љевар кој игра за словенечкиот Слован, а во тимот е и најдобриот стрелец во ланската сезона на ЕХФ Европскиот Куп - Нерис Чешко од екипата на Извиѓач.

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров на располагање го има најсилниот состав во кој од кандидатите за ЕП ќе недостасува единствено Мартин Томовски, но за очекување е овој натпревар да биде искористен за повеќе играчи да добијат шанса.

Поврзани вести