ТВ ПРЕНОС: ХРВАТСКА - МАКЕДОНИЈА

Репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар во календарската 2025, воедно прв во финалната фаза на подготовките пред настапот на Европското првенство во Данска/Норвешка/Шведска.
Македонската репрезентација скопскиот воздух го замени со приморскиот во градот Пореч во Хрватска каде што вечерва со почеток од 20:30 часот ќе одигра натпревар со актуелниот светски вицепрвак, Хрватска.
Домаќинот подготвува мини фешта во Пореч, ќе прогласува најдобри играчи за 2025 за време на настанот на кој круната ќе биде пријателскиот меч.
Домашниот тим нема да биде во најсилниот состав, но ова ќе биде шанса да ги видиме на дело ракометарите што наскоро ќе ја освојуваат хрватската и европската сцена, во прв ред Љевар и Чешко за кои веќе има понуди од звучни клубови.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:30 часот а директно ќе биде пренесуван на МТВ -3 и на хрватската РТЛ телевизија.

Поврзани вести