Н'Гесан ќе остане верен на Барса

Photo: Mkdhandball/ Radovan Vujovic

Најуспешниот ракометен колектив, екипата на Барса се почесто е во центарот на вниманието, затоа што се подготвуваат поголеми играчки промени во тимот, иницирани не од нив, туку од нивните главни ривали, Веспрем, Кил и Берлин кој следната сезона ќе ги однесат од Блауграна Емил Нилсен, Домен Макуц и сѐ поизвесно – Дика Мем.
Шпекулациите за францускиот десен бек отидоа дотаму што коментаторот на последниот натпревар на Берлин објавил дека и Дика Мем е во салата, што предизвикало воодушевување, но се покажало како неточно.
Барса место Емил Нилсен ќе го доведе Сергај Хернандез, место Домен Макуц до 2029 таму ќе биде Јанус Смарасон, а за позицијата на Мем во игра се Кико Кошта, Маркос Фис и Мадс Хоксер.
Но, клучниот потег на Барса е задржувањето во тимот на Тимоти Н’Гесан. Тој исто како и Дика Мем дојде во 2017 и неговиот договор истекува во јуни, но Барса веќе има план да го задржи, а се чини дека и тој не сака да замине, па следно за очекување е да биде објавено продолжувањето на договорот.

Поврзани вести