ЕП 2026: Португалија го замени вардарецот Еспиња

Photo: Federação de Andebol de Portugal

Селекторот на Португалија, Пауло Переира повика нов голман на местото на вардарецот Мигел Еспиња. 
Вардаровиот голман со месеци се нема појавено на теренот поради повреда, но и се до последен момент беше во комбинациите на селекторот. 
Португалија ги почна подготовките, Еспиња беше дел од голманското трио што се појави на првата прозивка, но физички не е спремен за настап, па Переира на неговото место го повика голманот на шпанската Сиудад Енкантада – Педро Гашпар Тунишер.

Македонија и Португалија на ЕП ќе се сретнат во второто коло, на 18 јануари во Хернинг, Данска. 

Поврзани вести