Келце се засили со големиот белоруски талент

Фото: Industria Kielce

Индустрија Келце ја загуби лидерската улога во полскиот ракомет, откако нивниот главен и единствен ривал Висла Плоцк успеа да состави подобар тим и да ги преземе пехарите од жолтиот тим.

Келце во меѓувреме спрема поголеми играчки промени. Од екипата најавено заминуваат браќата Алекс и Даниел Душебаев, а нивните замени се веќе спремни.
Жулиен Бос од Франција и Лука Кларица од Хрватска ќе го менуваат Алекс Душебаев на десната бековска позиција.
На позицијата лев бек е покомплицирано затоа што заминаа Томаш Гебала и Хасан Кадах, па Симон Сичко остана да ја покрие таа позиција.
Сега Келце објави потпис на нов играч, најголемиот белоруски талент во моментов, Кирил Рабчински потпиша договор со Келце што ќе важи од јуни 2026 до јуни 2030 година.

Поврзани вести