Марко Митев: Имаме време, ќе достигнеме вистинска форма

Фото: РФМ 

рко Митев се наметна како еден од лидерите на македонската репрезентација и стана ракометар кој прави разлика. Долгото отсуство од теренот е минато, повредата е минато, сега е на ред е достигнување на препознатливата форма.

Репрезентацијата одработе еден дел од подготовките, одигра и еден натпревар, а до стартот на ЕП и мечот со Данска има помалку од две недели.

Три натпревари што ќе ги игра репрезентациите во Швајцарија ќе го заокружи циклусот на подотовките.

„Првата фаза ја поминавме, целта во оваа фаза меѓудругото беше и да се воиграме. Ние сме воиграни од претходните настапи и првенство, но сега одново да се вратиме во тој ритам, повторно да се склопиме како тим. Солидно поминаа овие подготовки. Не сме сѐ уште на ‘фул’, но имаме доволно време до ЕП. Се надевам дека ќе го подигнеме нивото барем за 20-30 % и дека на првенството рамноправно ќе се надигруваме.

Противниците се силни, но не сме отпишани. И минатата година имавме многу тешка група на СП и бевме предвреме отпишувани, но тогаш покажавме дека можеме да се носиме со сите репрезентации.

И оваа година имаме многу тешка група, а Европското првенство според мене е потешко да се игра од Светсткото првенство. Одиме да се надигруваме и да го повториме ланскиот успех, дури и да бидеме подобри. Во ниту еден случај нема да се откажеме, како со Данска – така и со Романија. Нашата цел е да победуваме“, изјави Марко Митев.

Поврзани вести