Фото: РФМ/Петр Стојановски
Ракометната Федерација на Македонија и Триглав Осигурување Живот АД Скопје почнаа партнерска соработка со која Триглав Осигурување Живот АД Скопје стана официјален партнер на македонскиот ракомет.
Оваа соработка претставува значаен чекор во насока на унапредување и поддршка на ракометот во Македонија, со посебен фокус на стабилноста, сигурноста и долгорочниот развој на спортот и спортистите.
Ракометна Федерација на Македонија преку ова партнерство добива силна и доверлива поддршка од компанија која ја препознава важноста на вложувањето во спортот, младите генерации и националните вредности.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје, како дел од реномирана осигурителна група, со своето искуство и визија придонесува кон создавање посигурна иднина – како во животот, така и во спортот.
"Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за укажаната доверба и верува дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и успешни заеднички приказни во периодот што следува", изјави претседатлот на РФМ, Александар Стефанов.
Генералниот директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов, исто така го изрази своето задоволство што ќе бидат дел од една успешна приказна
"Имам огромна чест и задоволство денеска да го промовирам новото партнерство меѓу Триглав Осигурување Живот и Ракометната федерација на Македонија. Драго ми е што со претседателот Александар Стефанов имаме иста визија, но и амбиции.
Само неколку дена пред почетокот на Европското првенство, со особена гордост започнуваме соработка со најуспешната спортска федерација во нашата држава и со репрезентацијата која со години е симбол на македонскиот спорт и повод за нацонална гордост.
Да се биде во друштво со најдобрите е задоволство за секој бренд и компанија, но ова партнерство е повеќе од тоа. Ова е приказна во која Триглав Осигурување Живот станува партнер на „најдоброто од Македонија“.
Денеска и ние стануваме дел од оваа спортска приказна, која со години не прави горди и поттикнува бура од емоции кај целата македонска јавност, како во земјата, така и ширум дијаспората.
Во Триглав Осигурување Живот, како компанија која се грижи за сигурноста и иднината на граѓаните, веруваме дека спортот има клучна улога во градењето здрави навики и позитивни модели. Затоа, нашата поддршка преку ова партнерство е насочена кон создавање стабилна основа за развој, континуитет и одржлив успех на македонскиот ракомет.
Веруваме во заеднички успеси, многу радости и долгорочна и успешна соработка.
На македонските ракометни борци и на иконата во светскиот ракомет, селекторот Кирил Лазаров, им посакувам многу успех, среќа и одлични резултати на претстојното Европско првентство, кои повторно ќе не направат горди. А, ние од срце ќе навиваме за Македонија ", изјави на прес-конференцијата Генералниот директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, г-ѓа Христина Џамбазовска Анас