Костески: Имаме наши адути за ЕП 2026

Фото: РФМ

Малку време останува до почетокот на новото Европско првенство на кое Македонија ќе биде еден од учесниците. 
Македонскиот тим своите натпревари ќе ги игра во данскиот град Хернинг,  против репрезентациите на Данска, Португалија и Романија. Тоа се натпреварите од Групната фаза, во следната фаза ќе се пласираат двете подобропласирани репрезентации. 
Во меѓувреме, репрезентацијата на Македонија се подготвува во Скопје. 

„Првиот дел од подготовките го заокруживме на позитивен начин и можеме да бидеме задоволни од сработеното. Имавме и контролен натпревар против Хрватска, кој ни помогна јасно да ги видиме и работите што мора да ги поправиме. Секако, имаше и многу добри моменти, што ни дава дополнителна самодоверба и потврда дека сме на вистинскиот пат. Во периодот што следи ќе се фокусираме на корекција на слабостите, а преку уште неколку контролни средби верувам дека Европското првенство ќе го дочекаме максимално подготвени.
Групата на Европското првенство е исклучително квалитетна и ниту една репрезентација не смее да се потцени. Станува збор за сериозни противници, но токму настапот на последното Светско првенство треба да ни биде силен мотив, бидејќи тогаш покажавме дека можеме да играме на високо ниво.
Веруваме во себе и се надеваме на добар резултат. Клучно ќе биде доследно да го спроведеме сето она што селекторот ќе го побара од нас. Мора да бидеме храбри, дисциплинирани и фокусирани. Очекувам квалитетни натпревари, а зошто да не – и пријатно изненадување со пласман понатаму од групата.
Како тим полека созреваме. Подолг период сме заедно, што веќе се чувствува на теренот. Имаме силна тимска хемија и одлична атмосфера во репрезентацијата, а тоа ќе биде голем плус во сите предизвици што нè очекуваат.

Поврзани вести