Лук Стеинс ќе си оди од ПСЖ?

Фото: РФМ

Екипата на ПСЖ од една страна стана сериозен кандидат за потписот на Дика Мем, а од друга е многу блиску да загуби еден од клучните ракометари.
Веќе гласно се зборува дека следната сезона од нивните редови заминува средниот бек Лук Стеинс.
Наводно две опции се пред луцидниот Холанѓанец – Гумерзбах и Барса. Каталонскиот клуб е далку позвучен во моментов, но таму не би бил конечно решение, затоа што тие бараат привремена замена за повредениот Јанус Смарасон за следната сезона. Гумерзбах од друга страна, не е толку популарен, но нуди поконкретна иднина.

Поврзани вести