ЕП 2026: Португалија го преслуша Бахреин

Photo: IHF

Пријателски натпревар одиграа две репрезентации со кои Македонија ќе ги одмерува силите во следните две недели.
Репрезентациите на Португалија и Бахреин го одиграа првиот од двата предвидени пријателски натпревари. Овие средби се играат во Португалија, а на првиот меч Португалците славеа убедлива победа од 39-29 (21-16).
Пауло Переира патем го соопшти и конечниот список од 18 играчи на кој го нема крилото Педро Портела, што е изненадувањето во нивниот тим. Од претходно се знаеше дека нема да настапат ѕвездите Мигел Мартинс, Александре Кавалканти и Диого Рема.
Шест дебитанти има Португалија во тимот, од нив тројца (Хосе Фереира, Габриел Кавалканти и Филипе Монтеиро) се освојувачи на сребрен медал од Јуниорското Светско првенство што се одржа летоска.

Македонија со Португалија ќе игра во второто коло на ЕП (18 јануари), а со репрезентацијата на Бахреин ќе игра во четврток на турнир во Шафхаузен, Швајцарија.

Поврзани вести