Ѓоргиев: Ќе бидеме подобри од меч во меч

Фото: РФМ

Македонската репрезентација со победа над Бахреин (32-28) го почна својот настап на 52 издание на турнирот „Yellow Cup“ што се одржува во швајцарскиот град Шафхаузен.
Против една од најдобрите азиски репрезентации, нашиот тим одигра борбен и резултатски интересен натпревар, во кој подвлечено, во најголем дел имаше контрола и од играта на нашиот тим зависеше резултатот, што конечно со финалните 20 минути и беше обезбедена победата.

Игор Ѓоргиев беше еден од клучните ракометари, а неговите два врзани гола во серија и изнудениот седмерец и исклучување веднаш потоа ја отворија вратата кон победата на нашиот тим.


„Честитки до сите играчи за борбеноста. Одигравме тежок натпревар кој беше исполнет со падови и подеми. Но, среќни сме за победата. Јас како индвидуалец секогаш се стремам да бидам подобар, а мислам и дека сите во тимот можеме да одиграме подобро. Се надевам дека од меч во меч ќе го исполниме тоа“, изјави Игор Ѓоргиев.


Македонија денеска ќе игра против Украина во второто коло. Украинците вчера беа поразени од Швајцарија, па така со евентуална победа, Македонија ќе дојде до позиција да игра за побендичкиот пехар. Податок што не е надомет да се знае, е дека на овој турнир, во случај две репрезентации да имаат ист број на бодови, за конечниот пласман нема да решава меѓусебниот скор, туку вкупната гол разлика.

Натпреварот со Украина ќе почне во 17:45 часот, а ќе може да се следи преку следниот
ЛИНК: МАКЕДОНИЈА - УКРАИНА


 

Поврзани вести