Умерено задоволни од играта, акцент на работите што треба да се поправат и очекување на следниот (потежок) противник е резимето по првиот натпреварувачки ден на турнирот во Швајцарија каде што се натпреварува македонската репрезентација.
Победата над Бахреин е стимул, психолошки првенствено за ракометарите, а за селекторот уште една епизода од која треба да сумира добро и лошо и во сѐ пократкото време да отстранува недостатоци.
„Пред сѐ, задоволни што сме овде, на овој силен турнир што го избравме за да имаме квалитетни контроли пред ЕП. Добро трениравме, победивме, тоа беше нашата примарна цел и успеавме да славиме против една борбена репрезентација каква што е Бахреин. Имаме доста работи за поправање, не сме целосно задоволни од играта, но ова е само прв меч. Се надевам дека на следната средба ќе бидеме подобри, па потоа и уште подобри на третата и полека ќе ја кренеме формата за тоа што ни претстои - настапот на Европското првенство“, истакна селекторот Кирил Лазаров
Натпреварот со Украина ќе почне во 17:45 часот, а ќе може да се следи преку следниот
ЛИНК: МАКЕДОНИЈА - УКРАИНА