Photo: Marcus Bauer
Македонската репрезентација денеска ќе го заврши настапот на 52 издание на турнирот Yellow Cup што се одржува во швајцарскиот град Шафхаузен, дом на една од нивните најпознати екипи – Кадетен.
Македонија ќе го заврши турнирот на првото или на второто место, тоа ќе биде одлучено на денешниот натпревар со домашната репрезентација. Ако натпреварот заврши нерешено, победник на турнирот ќе биде Швајцарија која има подобра вкупна гол разлика.
Македонија во првите две кола ги совлада Бахреин (32-28) и Украина (31-26), а истото го стори и нашиот денешен противник кој во првото коло славеше над Украина (38-27), а во второто над Бахреин (33-30).
Македонија и Швајцарија последен пат се сретнаа на ЕП во Германија пред две години, таму победи македонската селекција и си трасираше полесен пат кон мундијалот во Хрватска.
Денеска Швајцарија ќе биде фаворитот на натпреварот, а дуелот ќе почне во 18:00 часот. Директно ќе може да се следи преку стрим со клик на следниот линк.
ЛИНК: ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (18:00)