ЕХФ ги острани Николов и Начевски од ЕП

Европската ракометна федерација објави дека ги тргнала мaкедонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од списокот на арбитри за ЕХФ Еуро 2026!

Во образложението, ЕХФ вели дека како дел од подготовките за ЕХФ ЕУРО, сите судиски парови мораат да спроведат задолжителна кондициска обука и тест за физичка подготвеност.
Тоа вклучува и испраќање на видео материјал од нивниот Фитнес Тест. Се работи за две видеа, едно што се испраќа на два месеца, а другото на еден месец пред почетокот на ЕП.

ЕХФ смета дека видеата што ги испратиле македонските судии се изменети и не го прикажуваат прецизно целиот тест.

EХФ подетално го анализирал материјалот преку експертите од Fitgood Pro од каде биде проследени до Спортрадар. Според нивната анализа и докази, постои висока веројатност дека видеата се манипулирани.“, објави ЕХФ.

Македонските арбитри се отстранети од списокот на учесници на ЕП, случајот ќе биде дополнително испитуван, а ЕХФ најавува и можност за правна постапка пред надлежните органи.

Поврзани вести