Прибетиќ му се приклучи на ГРК Охрид

Фото: ГРК Охрид

Хрватскиот пивот Џанфранко Прибетиќ му се приклучи на македонскиот тим  ГРК Охрид и го засили клубот во пресрет на вториот дел од сезоната и претстојниот Плејоф каде што ГРК Охрид прв пат со реални шанси ќе се бори и за шампионскиот пехар. 


"Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот" - изјави Прибетиќ.

Поврзани вести