Photo credit: Felix Walker
Без пораз во три натпревари во 2026, репрезентацијата на Македонија од денеска е во Данска каде што на 16 јануари ќе го почне настапо на Европското првенство.
Победите над Бахреин и Украина и нерешениот резултат со Швајцарија на гостински терен, со домашни судии и расположен за борба противник, се сигнал дека македонскиот тим е добро подготвен за ЕП.
Филип Кузмановски беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Швајцарија, го доби признанието и ја подели заслугата со соиграчите.
„Сакам да им се заблагодарам на соиграчите за борбеноста на овој турнир, мислам дека тие се најзаслужни за мојата награда. Нашите цели што ги замисливме пред почетокот на турнирот ги исполнивме. Формата ни расте, а имаме доволно време да се подготвиме за тоа што нѐ очекува на Европското првенство.
Некои детали ќе треба да се поправат пред стартот на шампионатот. Се обидовме со некои формации во одбраната. Имаме и некои новости како ќе им парираме на противниците, ама клучна треба да ни биде одбраната.
Треба да бидеме борбени, да играме еден за друг како што одигравме во второто полувреме со Украина и во дуелот со Швајцарија. Наш адут треба да бидат нападите од полуконтра. Оваа репрезентација треба да трча, мислам дека сме максимално подготвени и ќе одговориме на предизвикот“, изјави Кузмановски.