Португалците како гости подобри од Шпанија

Photo: IHF

Португалија, полуфиналистот на ланското Светско првенство е победник на турнирот што го организираше Шпанија и каде што во нивната група учествуваа уште и репрезентациите на Египет и на Иран.
Португалија во првото коло одигра нерешено со Египет (31-30), а потоа со 41-20 го совлада тимот на Иран и тоа беше доволно за пласман во финалето каде што, очекувано, од другата група се пласираше Шпанија.

Предводени од Мартим Кошта (7) и Салвадор Салвадор (6), репрезентацијата на Португалија со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 34-31 и потврди дека не се празни зборови најавите дека на ова ЕП ќе оди на медал.
Португалија е во групата со Македонија, Данска и Романија, а само две репрезентации ќе продолжат во Главната рунда.
Македонија и Португалија силите ќе ги одмерат во второто коло, на 18 јануари во Хернинг, Данска.

Поврзани вести