Од ЕП Данска до СП Германија 2027, каков пат ја чека Македонија

Независно од личните убедувања, желби и прогнози, реалната резултатска цел на Македонија на претстојното ЕП ќе биде да си обезбеди полесен пат кон Светското првенство што ќе се одржи во Германија во јануари 2027.

Германија и Данска се веќе квалификувани, а Европското првенство е квалификациско за СП и за првите четири екипи.
Другите ќе мораат во Плејоф баражи, а на ЕП се одлучува како и ќе бидат составени шеширите за ждрепката.
Европа има вкупно 16 места. Според статутот на ИХФ би требало да има и 17 место во случај Океанија да не организира квалификации или да нема соодветно силен тим, но тоа 17 место (најверојатно) нема да биде доделено на Европа (следува како континент од каде што е светскиот првак), туку ќе биде втора вајлд карта.
Од 16 места, 10 места остануваат во финалниот бараж, а целиот концепт на квалификации изгледа вака:

ПЛЕЈОФ 1
Три квалификациски рунди ќе се играат за пласман на СП 2027 Германија. Првата е веќе комплетирана, а успешно ја минаа репрезентациите на Летонија (подобри од Луксембург), Турција (подобри од Кипар) и Косово (подобри од В. Британија).

ПЛЕЈОФ 2
Летонија, Косово и Турција ќе им се приклучат во вториот шешир (8 екипи) на репрезентациите на Израел, Финска, Белгија, Словачка и Литванија.
Во првиот шешир ќе бидат БиХ, Грција и репрезентациите што на ЕП ќе се пласираат од 19 до 24 место, односно ќе бидат последнопласирани во групите.

ПЛЕЈОФ 2 (18-19.3.2026/21-22.3.2026)
Шешир 1: Босна и Херцеговина, Грција и шест селекции од ЕП 2026 (од 19 до 24 место)
Шешир 2: Турција, Летонија, Косово, Израел, Финска, Белгија, Словачка и Литванија

ПЛЕЈОФ 3
Осумте победници од вториот Плејоф и двете најслабо третопласирани од вкупно шест на ЕП (место 17 и 18) ќе бидат во вториот шешир за финалниот Плејоф.
Во првиот шешир ќе бидат 10 најдобро пласирани екипи од ЕП без четирите најдобропласирани екипи од ЕП 2026 и без Данска и Германија кои директно се пласирани.

ПЛЕЈОФ 3 (13-14.5.2026/16-17.5.2026)
Шешир 1: Најдобрите 10 екипи на ЕП 2026 (Без Данска и Германија и без најдобрите четири тима од ЕП 2026)
Шешир 2: Осум победници од Плејоф 2 и две најслабо третопласирани репрезентации од ЕП 2026 (17 и 18 место).














 

Поврзани вести