Митев: Одбројуваме, а Данска е во фокусот

Photo: Felix Walker

Македонската репрезентација пристигна во Данска и ги одработува последните тренинзи пред почетокот на Европското првенство закажан на 15 јануари и ден подоцна премиерниот настап на нашата репрезентација. 
Македонскиот тим моментално престојува во Силкеборг, таму пристигна од швајцарскиот Шафхаузен каде што настапуваше на турнирот Yellow Cup. 

Патувањето беше долго и со менување на авиони, но тајмингот на македонскиот тим е добар, има доволно време и за одмор и тренинг и за адаптација и аклиматизација. Во план е уште еден тренинг меч пред старот на првенството.

„Имавме долг пат, бевме уморни, но имавме вечерта време за одмор, а утрово имаме фитнес што добро ќе  ѝ дојде на екипата. Вечерва, пак, ќе имаме тренинг, верувам поинтензивен.
За четири дена почнува ЕП. Нашиот фокус, моментално е на првиот натпревар, на Данска. Тие се фаворити, но ние ќе го дадеме нашиот максимум. Целта ни е да извадиме добар резултат. Се подготвуваме, имаме три дена, ќе се подготвиме тактички и колку што може физички, колку што ќе можеме подобро. Ќе пробаме да го испратиме нивниот ритам и се надевам на позитивен резултат“, изјави Марко Митев. 

Поврзани вести