Македонија подобра од Митјиланд на последниот тест пред ЕП

фото: Felix Walker

Македонската репрезентација со победа над екипата на Митјиланд (35-27) ги заврши подготовките за настапот на ЕП 2026.
Филип Кузмановски со шест, а Мартин Серафимов и Марко Митев со по пет постигнати голови ја предовдеа Македонија до последниот триумф во подготвителниот период.
Македонскиот тим на 16 јануари ќе го почне осмото по ред од вкупно девет настапи на ЕХФ Еуро. Првиот противник ќе ни биде олимпискиот и светски првак, европски вицепрвак и домаќин на ЕП – Данска.
Натпреварот ќе почне во 20:30 часот, а директно ќе биде пренесуван на МТВ.

Поврзани вести