Борозан се раздели со Вардар 1961

Фото: ГРК Охрид

Предвреме заврши и новата соработка меѓу екипата на Вардар 1961 и црногорскиот ас Вуко Борозан.
Извесно време се знаеше, се шпекулираше, од денеска е и официјално потврдено дека Борозан не е веќе дел од скопскиот тим.

Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина.
Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.
Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера.

Поврзани вести