Пилиповиќ ќе си оди од Охрид, се враќа во Швајцарија

Фото: ГРК Охрид

Охридската ракометна публика нема уште долго да се восхитува на одбраните на хрватскиот голман Кристијан Пилиповиќ.
Хрватскиот чувар на мрежата по една сезона во Охрид ќе се врати во Швајцарија, но овој пат ќе игра за екипата на Криен Луцерн која неодама направи спектакуларен трансфер со ангажманот на австриската ѕвезда Никола Билик од Кил.
Криенс објави дека потпишале договор со Кристијан Пилиповиќ од јуни, па во наредните три години.
Охрид од друга страна веќе ангажираше нов голман, Дино Славиќ, но нема да има хрватско дуо како што се очекуваше.

Поврзани вести