Фото: РФМ
Со натпреварите што ќе се играат во Хернинг и во Осло, ќе биде крената завесата на 17 Европско првенство, што ќе го организираат три држави, Данска, Шведска и Норвешка. Првенството ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари. Македонија својот прв меќ ќе го одигра на 16 јануари.
Според актуелниот систем, 24 репрезентации се поделени во шест групи со по четири тима. По три одиграни кола, првенството ќе заврши за пола од репрезентациите. Во Главната рунда ќе продолжат само двете најдобри од секоја група.
Пото, групите А, Б и Ц ќе формираат група 1 со шест екипи, а бодовите ќе се пренесат од првата фаза. Групите Д, Е и Ф ќе формираат група 2. Од овие групи ќе се добијат полуфиналните парови, а екипите што ќе завршат на третото место ќе играат на финалниот викенд за пласман на 5/6 место.
Распоредот за првите два дена на првенството е следниов:
ЧЕТВРТОК, 15 ЈАНУАРИ
Група „А“ – Хернинг, Данска
18:00 СРБИЈА – ШПАНИЈА
20:30 ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА
Група „Ц“ – Осло, Норвешка
18:00 ФРАНЦИЈА – ЧЕШКА
20:30 НОРВЕШКА – УКРАИНА
ПЕТОК, 16 ЈАНУАРИ
Група „Б – Хернинг, Данска
18:00 ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА
20:30 ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА
Група „Д“ – Осло, Норвешка
18:00 СЛОВЕНИЈА – ЦРНА ГОРА
20:30 Ф. ОСТРОВИ – ШВАЈЦАРИЈА
Група „Ф“ – Кристијанштат, Шведска
18:00 ИСЛАНД – ИТАЛИЈА
20:30 УНГАРИЈА - ПОЛСКА