Photo: Felix Walter (cropped image)
Репрезентацијата на Македонија денеска ќе ја има судбината за настапот на ЕП 2026 во свои раце. Играме со Португалија, вториот фаворит во групата. Пораз за македонскиот тим ќе значи елиминација и битка за трето место кое би можело да носи пласман во првиот шешир во следните квалификации.
Победа над Португалија не само што би била сензација, туку најверојатно би значел и пласман во Главната рунда.
„Португалија игра слично како и Данска. Мораме да се обидеме да ја спречиме нивната контра и да бидеме цврсти во одбраната. Ги гледавме, анализиравме, играат многу добро, но мислам дека сме спремни за меч со нив“, изјави Никола Маркоски.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија почнува во 18:00 часот, директно ќе биде пренесуван на МТВ