Ѓоргиев: Не сме без шанси со Португалија



Репрезентацијата на Македонија во второто коло од ЕП ќе се сретне со селекцијата на Португалија. Тие се полуфиналисти на СП 2025 каде што можеби можеа и повеќе, но вкрстија со Данска и беа елиминирани.
Беа доста сигурни на мечот со Романија, доминантно ја добија таа средба, но не ја потценуваат Македонија. Нашиот тим, пак, по мечот со Данска, одново ќе биде на тежок испит, иако Португалија не е на ниво како Данска.  Но, никој и не е на ниво како Данците. 

„Португалците можеби не се на ниво на Данска, но да не се лажеме, тие се во една нагорна линија, го покажаа тоа и со пласманот во полуфинале на ЕП. Сепак, ние не сме без шанси. Тие нека бидат фаворити, но ако ние го спроведеме на терен она што ќе го договараме, имаме шанси за позитивен резултат. Ќе мораме како во  одбрана, така и во напад да бидеме подобри од она што го покажавме со Данска, да ги натераме да напаѓаат на наша поставена зона. Во нападот да не бидеме статични и да не се доведуваме во пасивна игра“. истакна Ѓоргиев.

Поврзани вести