Photo: Marcus Bauer (cropped image)
Репрезентацијата на Македонија денеска ќе игра со Португалија меч во кој влогот е пласман во Главната рунда. Поразениот ќе биде елиминиран и испратен дома по третото коло.
Македонскиот тим е спремен за големиот предизвик.
„Може да се каже дека тие се фаворити особено поради нивните последни резултати на СП 2025. Покажуваат некоја доминација, но мислам дека се на одредено ниво пониско од Данска. Секако дека на овој меч многу повеќе ќе зависи од нас, со Данците во некои ситуации имавме преголем респект, овојпат тоа нема да биде случај. Верувам дека со поголема самодоверба ќе имаме поефикасен напад. Португалците исто како и Данците се селекција што сака многу да трча, да има што поголем број на напади, верувам дека ние можеме да им парираме“, истакнува Мартин Велковски.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија почнува во 18:00 часот, директно ќе биде пренесуван на МТВ